ХРВАТОТ ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ФАНОВИТЕ

Циндриќ: Ја имаме најдобрата публика, се надевам нема да ја разочараме до самиот крај

Лука Циндриќ е прогласен за најкорисен играч на завршницата во СЕХА-лигата, тој во финалето против ППД Загреб постигна пет погодоци. 

објавено: 15 април 2018 - 22:54

Лука Циндриќ е прогласен за најкорисен играч на завршницата во СЕХА-лигата, тој во финалето против ППД Загреб постигна пет погодоци. Хрватскиот репрезентативец им се заблагодари на фановите и најави уште подобра игра на двата дуели против Кил во четвртфиналето во ЛШ.

„Вистинско машко финале. Фала на публиката одлична атмосфера. Загреб покажа дека заслужено беше во финалето. По оваа победа ни се подигнува самодовербата, посебно ако се знае дека долго време немавме одиграно официјален меч. Се надевам дека нема да разочараме и во следните мечеви кои нè очекуваат - рече МВП на фајнл фор турнирот, Циндриќ.

Најново во Ракомет