НОВО ГОСТУВАЊЕ НА ВАРДАР ВО РЕГИОНАЛНАТА ЛИГА

Циндриќ: Војводина е нов тест пред Ф4 во СЕХА и 1/4 финалето во ЛШ

Вардар денеска го игра претпоследниот натпревар од регуларниот дел во СЕХА-лигата. 

објавено: 10 март 2018 - 08:59

Вардар денеска го игра претпоследниот натпревар од регуларниот дел во СЕХА-лигата, Раул Гонзалез и неговите избраници и гостуваат на Војводина, дуелот се игра со почеток во 13 часот. 

За „црвено-црните“ ова ќе биде нов тест пред фајнл-форот во регионалното натпреварување, но и за четвртфиналето во Лигата на шампионите.

„Натпреварот против Војводина ќе биде шанса за играчите кои обично не играат толку многу да се докажат. Војводина е добар тим и верувам дека секој од нас ќе мора да одигра максимално со цел да победиме. Мечот ќе биде добар вовед за финалниот турнир во СЕХА Лига и четврт-финалето на Лигата на шампионите. Очекувам добар натпревар и се надевам дека никој нема да се повреди, бидејќи тоа е најважното нешто сега“, рече Лука Циндриќ.

Вардар последниот меч од регуларниот дел од СЕХА-лига го игра три дена подоцна, кога на домашен терен го пречекува Нексе.

Најново во Ракомет