ЛЕВОТО КРИЛО НА ВАРДАР ОТКРИВА

Дибиров: Наша желба беше Ф4 да биде во Скопје, сакаме на фановите да им покажеме дека сме созреани

Вардар денеска (17:45 часот) ја започнува одбраната на една од двете титули во големите натпреварување. Како што е редот, најпрво во СЕХА-лигата, а потоа доаѓа Лигата на шампионите, но патот до завршницата во елитното натпреварување стои Кил. 

објавено: 13 април 2018 - 12:24

Вардар денеска (17:45 часот) ја започнува одбраната на една од двете титули во големите натпреварување. Како што е редот, најпрво во СЕХА-лигата, а потоа доаѓа Лигата на шампионите, но патот до завршницата во елитното натпреварување стои Кил. 

Најдобриот стрелец на „црвено-црните“ во регионалното натпреварување пред полуфиналето со Мешков Брест за официјалниот сајт на СЕХА-лига вели дека сите посакувале Ф4 да биде во Скопје, бидејќи тука се посебно мотивирани.

„Очекувам голем спектакл, бидејќи Ф4 од година во година е се подобро организиран. Уште на стартот на оваа сезона наша желба беше овој турнир да биде во Скопје. Сакаме пред нашите навивачи да покажеме дека сме созреани и дека сме подготвени да ја одбраниме титулата. Секој е тежок, но ние играме со голема самодоверба на домашен терен, имаме голема помош од навивачите“, изјави левото крило Тимур Дибиров.

 

Најново во Ракомет