ОТКАКО ПОЛСКИОТ ТИМ ЈА ДОБИ ВОЈНАТА, ПОЧНА ДА ФАЌА СЕИР

Додека Металург се жали, Висла се фали

Додека Металург не може да се помири и најави можно напуштање на Лигата на шампионите поради изненадувачката одлука на ЕХФ во корист на Немања Обрадовиќ, Висла Плоцк на својата официјална страница се пофали дека српскиот интернационалец има договор до 2020 година. Првиот човек на полскиот тим овој момент го искорист за потсмев.  

објавено: 12 септември 2017 - 11:35

Додека Металург не може да се помири и најави можно напуштање на Лигата на шампионите поради изненадувачката одлука на ЕХФ во корист на Немања Обрадовиќ, Висла Плоцк на својата официјална страница се пофали дека српскиот интернационалец има договор до 2020 година. Првиот човек на полскиот тим, Адам Вишњевски овој момент го искорист и за потсмев.

„Секако дека сме задоволни од позитивната одлука на ЕХФ. Во случајов понекогаш треба да се бориме и надвор од теренот. Немања е наш, не го продаваме на никого, особено на Металург“, е изјавата на претседателот на Висла Плоцк.

Од таборот на полскиот тим најавија дека тој ќе биде во составот за дуелот против Вардар, закажан за 17 септември во ракмите на првото коло во Лигата на шампиони. 

Најново во Ракомет