НЕ ИМ ПРЕЧЕШЕ НИТУ РАНИОТ ТЕРМИН

Еден или два, не е важно: Вардарци можат секогаш и секаде!

Вардар очекувано славеше на гостувањето кај Војводина со 36-32 во последниот меч на гостински терен од регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лигата.

објавено: 10 март 2018 - 14:21

Вардар очекувано славеше на гостувањето кај Војводина со 36-32 во последниот меч на гостински терен од регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лигата. Иако „црвено-црните“ играа во невообичаен термин, тоа не беше пречка да дојде до нови два бода. Шпанскиот стратег, Раул Гонзалез и на овој дуел одмараше дел од ракометарите. Поштедени се Арпад Штербик и Рожерио Мораес, а додека во составот и натаму не е Иван Чупиќ, кој се чува за главните дуели.

Лука Циндриќ со седум погодоци беше најефикасен, зад него беа Карачиќ и Македа со по пет погодоци.  

„Црвено-црните“ мечот го отворија со 3-1, а потоа во продолжение одржуваа предност од три гола, која на полувремето се искачи на 12-17. Во продолжение македонскиот тим и бранител на круната во регионалното натпреварување очекувано влезе без поголеми мотиви, одигра колку што е подобро за да дојде до 16. победа.

Во последното коло (13 март), Вардар на домашен терен го пречекува Нексе.

 

Најново во Ракомет