ПОЗНАТ ТЕРМИНОТ НА ЗАВРШНИЦАТА

ПРОМЕНИ: Фајнл-форот во СЕХА ќе се игра на 4. и 6. мај

Финалниот турнир на седмото издание на Регионалналната лига ќе се одржи од 4 до 6 мај следната година. Челниците на СЕХА се одлучија за промена на терминот, односно наместо стандардно натпреварувањето да заврши април, оваа сезона ќе се игра на почетокот на мај. 

објавено: 7 јули 2017 - 14:35

Финалниот турнир на седмото издание на Регионалналната лига ќе се одржи од 4 до 6 мај следната година. Челниците на СЕХА се одлучија за промена на терминот, односно наместо стандардно натпреварувањето да заврши април, оваа сезона ќе се игра на почетокот на мај.

Ваквата одлука е донесена бидејќи во првата недела од април следната година има ЕХФ-недела, во која машките национални тимови имаат обврски, додека од 18 до 22 април, односно од 25 до 29 истиот месец ќе се играат 1/4 финалните натпревари од Лигата на шампионите.

За да се вклопи во календарот на ЕХФ, СЕХА донесе одлука да го помести финалниот викенд, кој минатат сезона се одигра еден месец порано.

Македонсиот и европски првак, Вардар е бранител на титулата и во регионалното натпреварување.

 

Најново во Ракомет