Двајца вардарци во тимот на месецот

ФЕВРУАРСКИ ПОХОД - Дибиров и Милиќ во идеалниот тим на СЕХА лигата

Тимур Дибиров и Страхиња Милиќ се двајцата вардарови ракометари кои се најдоа во идеалниот тим на месец февруари во СЕХА лигата

објавено: 5 март 2018 - 18:30

Популарниот Џамбо се покажа како вистинска опција на голот на најдобрата екипа во Европа на четирите натпревари што вардарци ги одиграа во Регионалната лига минатиот месец. Арпад Штербик имаше време и да одмори, а Милиќ се покажа како достојна замена, само покажувајќи ја моќта на вардаровата ракометна машинерија. Страхиња  имаше двоцифрен број на одбрани на три натпревари, 12 против Загреб и по 14 со Целје и Татран Прешов.
Тимур Дибиров, повторно е во фантастична серија, не само во Лигата на шампионите, туку и во СЕХА. Крилото на Вардар игра на високо ниво и тој е најефикасен ракометар на европскиот првак и најдобар на својата позиција во регионот.
Во идеалниот тим има место и за Рок Голчар, десното крило на Горење, потоа пикерот на Нексе, Марин Сипиќ, Домагој Павловиќ од Загреб како среден бек, неговиот соиграч Златко Хорват на позиција десен бек, како и левиот бек на Целје, Борут Мацковшек.
Тренер на месецот е Сергеј Бебешко, стратегот на Мешков Брест, единствен кој го предводеше својот тим до бод сезонава против Вардар во СЕХА. 

Најново во Ракомет