МЛАДИОТ ВАРДАРОВ ГОЛМАН Е СРЕЌЕН ШТО УЧИ ОД НАЈДОБРИОТ

Ѓорѓески: Кога го имаш Штербик покрај себе...

Вардар дојде до десетата победа во СЕХА-лигата. Во последниот меч на домашен терен во 2017 година го совлада градскиот ривал Металург со 31-24 (12-14). 

објавено: 9 декември 2017 - 23:03

Вардар дојде до десетата победа во СЕХА-лигата. Во последниот меч на домашен терен во 2017 година го совлада градскиот ривал Металург со 31-24 (12-14). И овој пат шанса доби младиот голман, Даниел Ѓорѓески, кој истакна дека максимално ги користи советите од Арпад Штербик и секојдневно се обидува да научи по нешто ново.

„За мене многу значи тоа што покрај себе го имам најдобриот голман на светот. Големо искуство е да се работи со него и секојдневно учам од него. Вечерва гостинската екипа одигра еден одличен натпревар. Ние имавме две различни полувремиња. Првото полувреме не беше според нашите желби, но во вториот дел успеавме да се консолидираме и да го добиеме натпреварот", изјави по мечот младиот голман на Вардар, Даниел Ѓорѓески.

Раул Гонзалез истакна дека неговиот тим имал проблем со одбраната во првото полувреме, во кое Металург одигра одлично. 

„Металург играше одлично, мислам дека прво полувреме беа подобри од нас. Ние имавме многу проблеми со нашата одбрана, не се чувствувавме добро. Во второто полувреме бевме подобри, искористивме неколку контри, а потоа и тие беа уморни. Но треба да разбереме дека Металург играше добро, играше одличен ракомет и затоа сакам да им честитам", изјави тренерот на Вардар.

Најново во Ракомет