ИЗМЕНИ ВО СОСТАВОТ НА ШАМПИОНОТ

Ѓорѓески на местото на Милиќ, Вардар без Чупиќ

Младиот Даниел Ѓорѓески ќе биде вториот голман на Вардар на дуелот со Металург во македонското дерби во СЕХА-лигата. Во составот на Вардар покрај Страхиња Милиќ, го нема ниту Иван Чупиќ. 

објавено: 9 декември 2017 - 20:42

Младиот Даниел Ѓорѓески ќе биде вториот голман на Вардар на дуелот со Металург во македонското дерби во СЕХА-лигата. Во составот на Вардар покрај Страхиња Милиќ, го нема ниту Иван Чупиќ. Но, затоа се вратија Игор Карачиќ и Илија Абутовиќ, кои во минатото коло поради повреди не настапија.

Инаку мечот со Металург е последен за македонскиот и регионален првак на домашен терен во 2017 година. „Црвено-црните“ влегуваат со серија од девет меча без пораз, додека Металург има три победи и шест порази.

 

 

Најново во Ракомет