Победа против Загреб, како загревање за Висла

Гонзалес: Одигравме одбрана за мерак во второто полувреме

Раул Гонзалес истакна дека одбраната во второто полувреме беше на ниво кај европскиот и СЕХА шампион Вардар, што ја донесе и победата против ППД Загреб

објавено: 28 февруари 2018 - 08:30

Раул Гонзалес истакна дека одбраната во второто полувреме беше на ниво кај европскиот и СЕХА шампион Вардар, што ја донесе и победата против ППД Загреб. „Црвено-црните“ во тврд меч славеа со 25:24 на гостински терен.

„Првото полувреме не беше добро за нас. Барем не како што очекувавме. За среќа во продолжението ја средивме одбраната и тоа ни донесе победа. Многу важна за самодоверба и оптимизам пред дуелот во Лигата на шампиони викендов“, изјави Гонзалес.

 

Најново во Ракомет