Вардар ја одбрани титулата во СЕХА-лига и постана единствениот тим со четири пехари во ова натпреврување. „Црвено-црните" во финалето го совладаа ППД Загреб со 26-24.
Раул Гонзалез признава дека противникот добро се подготвил за овој меч, но на крајот најсилното оружје - одбраната беше клучна за победата.
„Честитки за Загреб одлично се подготвиле за овој меч. Во првиото полурвеме започнавме добро, но потоа Загреб заигра уште подобро и ни беше потешко, па на полувреме заминавме со само еден гол предност. Во второто полувреме заигравме подобро во одбраната и со неколку голови од контра напад направивме добра предност. Среќен сум и горд сум на моите играчи за се што направија во СЕХА оваа сезона - рече Раул по мечот.