ШПАНЕЦОТ СЕПАК Е РЕАЛЕН

Гонзалез: Не сум задоволен од играта

Вардар не блескаше на дуелот со Нексе, кој беше последен од регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лигата. Македонскиот шампион славеше со 29-25 и се запиша во историјата на ова натпреварување. 

објавено: 13 март 2018 - 20:00

Вардар не блескаше на дуелот со Нексе, кој беше последен од регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лигата. Македонскиот шампион славеше со 29-25 и се запиша во историјата на ова натпреварување.

По завршување на мечот стратегот, Раул Гонзалез не го криеше своето незадоволство од играта на своите момци.

„Не сум задоволен од играта. Во првото полувреме не одигравме добро, имавме проблеми во нападот. Но, по одморот одигравме малку подобро, доволно за победа. Сега останува да се одмориме и добро да се подготвиме за фајнл-фор турнирот во СЕХА, кој се игра во Скопје“, изјави Раул Гонзалез по мечот. 

За играчите најважно е добро да одморат и максимално да се подготват за она што допрва доаѓа.Фајнл-форот во СЕХА и четвртфиналниот дуел во Лигата на шампионите.

„Нексе беше добро подготвен, а ние влеговме малку лошо во првиот дел, но во вториот дел притиснавме. Дел од играчите беа распожени о дојдовме до победа со која влеговме во историјата на СЕХА. Сега останува да се одмориме, а потоа да се подготвуваме за Ф4 во СЕХА и за Лигата на шампионите", изјави Игор Карачиќ.

 

Најново во Ракомет