ШПАНЕЦОТ СО ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ ЗА ГОЛМАНИТЕ

Гонзалез: Одбраната беше на одлично ниво, особено Милиќ и Ѓорѓески на голот

Предводникот на Вардар, Раул Гонзалез повторно има право да биде задоволен од играта на своите момци. Шпанскиот стратег по завршување на мечот ги пофали двајцата голмани Страхиња Милиќ и Даниел Ѓорѓески. 

објавено: 17 октомври 2017 - 19:24

Предводникот на Вардар, Раул Гонзалез повторно има право да биде задоволен од играта на своите момци, кои само два дена по дуелот со Барса, го совладаа ППД Загреб со убедливи 30-23. Шпанскиот стратег по завршување на мечот ги пофали двајцата голмани Страхиња Милиќ и Даниел Ѓорѓески.

„Моите играчи се потрудија многу денеска. Првите 15 минути имавме проблеми со одбраната на Загреб, која е многу квалитетна и не можевме да постигнеме гол. Но кон крајот на полувремето ја подобривме играта, искористивме три-четири контра-напади и тоа ни помогна да направиме разлика. Нашата одбрана беше на одлично ниво, интензивна, особено Милиќ и Ѓорѓески на голот и среќен сум поради победата", рече на прес-конференцијата Раул Гонзалез. 

Шанса за на овој меч доби и Владо Недановски, кој успеа да се запише во листата на стрелци, постигна еден гол од исто толку обиди.

„После еден тежок меч, како оној со Барселона во Лигата на шампионите, видливо беше дека сме исцрпени и дека ни е потребно повеќе време за да фатиме ритам во мечот. На крајот сепак успеавме во тоа и заслужено се радуваме", изјави Недановски.

Најново во Ракомет