ВАРДАР САКА ДО КРАЈ ДА „ГАЗИ“

Гонзалез: Без пораз да ја завршиме сезоната во СЕХА-лига

Вардар нема намера да застане, сака без пораз да го заврши регионалниот дел во СЕХА-лигата, а потоа доминантно да ја одбрани шампионската титула. 

објавено: 10 март 2018 - 10:30

Вардар нема намера да застане, сака без пораз да го заврши регионалниот дел во СЕХА-лигата, а потоа доминантно да ја одбрани шампионската титула. „Црвено-црните“ на дуелот со Војводина влегува со скор од 15 победи и едно реми, а тренерот Раул Гонзалез верува дека неговите момци ќе продолжат во ист стил, без проблем ќе дојдат до 16 победа.

„Ова ќе биде нашиот последен натпревар во СЕХА-лигата на гостински терен сезонава и ќе му пристапиме сериозно, исто како на сите претходни гостувања. Веќе ја обезбедивме пол-позицијата на Ф4-турнирот, но нашата цел е сезоната да ја завршиме без пораз. Војводина сигурно ќе биде максимално мотивирана, исто како и сите други екипи коишто играат против нас. Имаат добра одбрана, одлично играат пред своја публика. Ние сме фаворити и ќе го покажеме тоа на теренот", изјави Гонзалез. 

Најново во Ракомет