Гонзалез: СЕХА да ја завршиме без пораз

Вардар утре на домашен терен го игра последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лига. „Црвено-црните" го пречекуваат Нексе во СЦ „Јане Сандански", мечот е закажан со почеток во 17:45 часот.

објавено: 12 март 2018 - 13:09

Вардар утре на домашен терен го игра последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лига. „Црвено-црните“ го пречекуваат Нексе во СЦ „Јане Сандански“, мечот е закажан со почеток во 17:45 часот.

Амбициите на Раул Гонзалез и неговите избраници и натаму се исти, без пораз во регионално натпреварување.     

„Сакаме без пораз да ја завршиме СЕХА-лигата, имаме мотивација. Јас сум многу задоволен како досега одигравме.Ни останува овој последен натпревар, денеска ќе се подготвиме, сакам да одиграме добро, сигурен сум дека и играчите со го сакаат тоа. Фаворити сме и затоа мора да одиграме најдобро што знаеме", изјави Раул Гозналез. 

Слично на шпанскиот стратег размислува и Мартин поповски, кој на овие мечеви добива се поголема шанса и истата максимално ја користи.

„Малку сме уморени од тешките патувања во Србиа, но ова е нашиот последен натпревар. Мечот против Нексе можеби нема резултатско значење за нас, но имаме голема мотивација сезоната да ја завршиме без пораз. Потоа ни следува краток одмор, па ќе започнеме да се подготвуваме за завршниот турнир", изјави Поповски.

Најново во Ракомет