ВАРДАР МУ ГОСТУВА НА ЦЕЛЈЕ ВО СЕХА-ЛИГАТА

Гонзалез: Треба да бидеме подготвени на сѐ

Македонскиот шампион, Вардар денеска (17:45 часот) му гостува на Целје во рамките на шестото коло во СЕХА-лигата. Избраниците на Раул Гонзалез иако допатуваа без тројцата стандардни ракометари, Стоилов, Македа и Мораес и на овој меч се фаворити.

објавено: 21 октомври 2017 - 11:30

Македонскиот шампион, Вардар денеска (17:45 часот) му гостува на Целје во рамките на шестото коло во СЕХА-лигата. Избраниците на Раул Гонзалез иако допатуваа без тројцата стандардни ракометари, Стоилов, Македа и Мораес и на овој меч се фаворити.

Ова ќе биде втора сезона во која во СЕХА Газпром лигата ќе играат против Целје. Лани во Словенија славеа убедливо со 40-29, а на реваншот во Скопје беше 33-31. 

И покрај доминацијата на Вардар, Раул Гонзалез, очекува тежок и брз натпревар, тој предупредува дека треба да бидат подготвени на сè.

„Не очекува многу брз натпревар. Целје игра така секогаш кога е домаќин. Го гледавме сега нивниот мечот со Кјелце. Имаат и млади и поискусни играчи. Одбраната е интензивна со голем притисок. Очекувам тежок меч. Треба да се биде подготвен за сѐ, никогаш не знаеш како тие ќе играат. Може и да имаат нови комбинации. Треба да играме како и досега, сконцентрирани на она што не очекува“, вели тренерот на Вардар, Раул Гонзалез. 

Македонскиот првак во регионалното натпреварување има пет победи во низа, а зад себе ја има и одличниот скор во Лигата на шампионите од четири победи и едно реми, токму затоа фановите очекуваат нов триумф.

 

 

Најново во Ракомет