ВАРДАР НЕМА НАМЕРА ДА ЗАСТАНЕ

Гонзалез: Сакаме да победуваме до крајот на сезоната

„Задоволни сме од досегашниот дел од сезоната во СЕХА-лигата, имаме само едно реми. Вардар не ги менува амбициите, сакаме да ги победиме сите мечеви до крајот“, рече Раул Гонзалез.

објавено: 27 февруари 2018 - 14:00

Вардар продолжува со пеколното темпо. По поразот на тешкото гостување кај Нант во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, македонскиот првак вечерва (20:30 часот) ќе ги одмери силите со ППД Загреб во меч од СЕХА-лигата.

Иако „црвено-црните“ немаа време за одмор, сепак стратегот Раул Гонзалез порача дека неговите момци секогаш се „гладни“ за победа, а амбициите на тимот нема да се променат, Вардар сака да ги добие сите мечеви до крајот.

„Знеме дека во Загреб никогаш не е лесно. Противникот има добри играчи кои секогаш имаат дополнителен мотив против нас. Задоволени сме од досегашниот дел од сезоната во СЕХА-лигата каде имаме само едно реми. Вардар не ги менува амбициите сакаме да ги освоиме сите натпреварува оваа сезона. Иако немавме доволно време за подготовка, сепак верувам дека моите играчи секогап играат со посебно задоволство против овој тим“, рече Раул Гонзалез.

Вардар е на лидерското место на табелата во СЕХА-лигата и веќе одамна го обезбеди пласманот во завршницата.

  

Најново во Ракомет