МЕТАЛУРГ ГО ИГРА ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ОВАА ГОДИНА

Гуглета: Фановите да дојдат во што поголем број, да му помогнеме на Борче

Металург утре го игра последниот меч во 2017 година, на домашен терен го пречекува Динамо Панчево во рамките на СЕХА-лигата. И овој натпревар ќе биде од хуманитарен карактер, сите средства ќе бидат наменети за операција на Борче Јовановски. 

објавено: 11 декември 2017 - 14:00

Металург утре го игра последниот меч во 2017 година, на домашен терен го пречекува Динамо Панчево во рамките на СЕХА-лигата. И овој натпревар ќе биде од хуманитарен карактер, сите средства ќе бидат наменети за операција на Борче Јовановски, кој боледува од ретка генетска болест, Бета Таласемија и неговата здравствена состојба се влошува поради што е потребно да замине на лекување во странство.

Токму затоа Александар Гуглета ги повика сите фанови да дојдат во што поголем број. На овој начин сите заедно ќе му помогнат на Борче. 

„Не смееме да се опуштиме, без разлика што победивме таму. Викендов и тие играа дерби со Војводина и победија два разлика. Не смееме да дозволиме голем пад во играта. Се надевам дека ќе победиме со добра дисциплинирана игра, исто како што игравме против Вардар во дел од мечот. На крај сакам да ги повикам сите навивачи да дојдат во сала и да помогнат, бидејќи натпреварот е од хуманитарен карактер", рече Александар Гуглета.

Тренерот на Металург вели дека е многу потешко кога се фаворити, но се надевам дека со победа ќе ја завршат 2017 година. 

„Не очекува тежок натпревар со Динамо Панчево. Кога и да сме фаворити играме многу тешко, кога играме со поквалитетни екипи играме добро до 45 минута, а потоа имаме голем пад. Натпреварот против Динамо Панчево, можеме да го добиеме само со дисциплинирана одбрана и брза транзиција во напад. Да постигнуваме лесни голови во контра и во нападот да имаме дисциплина и да се знае од прва до последна минута што играме. Се надевам дека ќе забележиме победа и дека крајот на 2017 година ќе ја прославиме со победа заедно со нашата публика.“, изјави Александар Јовиќ.

 

Најново во Ракомет