МЕТАЛУРГ И НАТАМУ БЕЗ ПРВ ТРИУМФ СЕЗОНАВА

Имаа позитива од пет гола, на крајот се радуваа на реми (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Металург не успеа да се израдува на првата победа сезонава, на домашен терен одигра без победник (27-27) на дуелот со Извиѓач во рамките на четвртото коло во СЕХА-лига. 

објавено: 19 септември 2018 - 22:18

Металург не успеа да се израдува на првата победа сезонава, на домашен терен одигра без победник (27-27) на дуелот со Извиѓач. Ракометарите на тимот од Автокоманда имаа предност од пет гола, на крајот не искористија напад за триумф, на помалку од 13 секунди направија техничка грешка.

Избраниците на Данило Брестовац добро го отворија мечот, во 22. минута имаа позитива од 11-6. Но, успеаја да го здржат истото темпо, на полувремето предноста беше стопена на само три гола 14-11.

Проблемот - второ полувреме се повтори и на овој меч, гостите во 35. минута израмнија на 16-16, а во 43. минута поведоа со 19-21. Оваа позитива ја одржуваа до 48. минута (22-24), Токиќ и Арсеноски ја вратија надежта за прв триумф сезонава. Дуелот влезе во неизвесна завршница, претивкиот Јагањац во 57. минута погоди за 26-25. Шилегов одново го врати водството на својот тим, Металург не успеа да се одбрани, но ниту да го искористи последниот напад за победа, акцијата беше нацртана, но ја загубија топка. На крајот мораа да се задоволат со реми (27-27).

Добра вест е што во таборот на македонскиот првак се вратија повредените Мартин Велковски и Томи Јагуриновски.

Серафимов и Шилегов со по шест погодоци беа први стрелци, Томовски имаше 11 интервенции.

Во следното коло, Металург ќе му гостува на Лино Червар и неговиот ППД Загреб. 

 

Најново во Ракомет