ТРЕНЕРОТ НА МЕТАЛУРГ Е ИСКРЕН

Јовиќ: Од ова полошо не може да биде, се надевам дека ќе излеземе од кризата

Нема одмор, ниту и за ракометарите на Металург. По поразот во Лигата на шампионите од Мотор Запорожје на домашен терен, тимот од Автокоманда веќе утре игра дуел од СЕХА-лигата. 

објавено: 27 ноември 2017 - 13:02

Нема одмор, ниту и за ракометарите на Металург. По поразот во Лигата на шампионите од Мотор Запорожје на домашен терен, тимот од Автокоманда веќе утре игра дуел од СЕХА-лигата.

Металург ниту во регионалното натпреварување не може да се пофали со добри резултати. Избраниците на Александар Јовиќ имаат серија од четири порази, па се надеваат дека токму против фаворитот Татран Прешов, ќе се вратат на победничките патеки.

„Очигледно е дека имаме резултатска криза и во ЛШ и во СЕХА и се надевам дека со утрешниот натпеввар ќе излеземе од таа криза. Од ова полошо не може да биде и искрено се надевам дека покрај од резултатската ќе излеземе и од играчката криза. Секој од играчите мора да даде максимум. Ќе се обидам да им дадам шанса на сите играчи, па ќе видиме каков ќе биде нивниот учинок. Некои од играчите се свесно форсирани за да напредуваат, но не покажуваат тоа што се бара од нив и за утрешниот натпревар ќе има измени во ростерот", изјави Александар Јовиќ.

Натпреварот меѓу Металург и Татран се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:45 часот.

Најново во Ракомет