ВРЕМЕ Е ЗА ФИНАЛЕ

Карачиќ: Историјата се повторува, но сега нема да му дозволиме на Загреб да си замине со пехарот

Вардар вечерва (20:15 часот) ќе има шанса да постане вториот тим во регионалното натпреварување кој успеал две години по ред да го подигне пехарот. 

објавено: 15 април 2018 - 10:27

Вардар вечерва (20:15 часот) ќе има шанса да постане вториот тим во регионалното натпреварување кој успеал две години по ред да го подигне пехарот, по Веспрем. На патот на ова остварувањето стои стариот должник, ППД Загреб, кој пред пет години токму среде Скопје го подигна пехарот.

За „црвено-црните“ дуелот со хрватскиот тим е последен тест пред четвртфиналната битка против Кил во Лигата на шампионите, па одбраната на титулата ќе биде мотив плус.

„Историјата се повторува, бидејќи уште еднаш ќе се соочиме со Загреб во СЕХА финалето тука во Скопје. Бев во составот на Вардар, кога не успеавме да го освоиме пехарот пред пет години и дефинитивно не би сакал да се повтори истото. Сакам да ја освоиме СЕХА. Ова навистина ќе значи многу за нас и, се разбира, ќе дадеме сé да го завршиме турнирот на вистински начин. Завршницата за нас ќе биде увертира пред четвртфиналето на Лигата на шампионите“, изјави Игор Карачиќ.

Билети за денешното финале повеќе нема. 

Најново во Ракомет