ПОНУДАТА Е АТРАКТИВНА, НО МОЖНОСТИТЕ СЕ ДРУГО

Келце и откажа на СЕХА-лига

Келце сепак нема да биде дел од регионалното натпреварување, не доби дозвола од полската федерација. 

објавено: 6 јуни 2018 - 20:22

Келце дефинитивно нема да биде еден од четирите тим кои добија понуда од СЕХА-лига. И покрај големата желба на полската екипа да биде дел од регионалното натпреварување кое од сезона во сезона е се поквалитетно, сепак не доби дозвола да игра само плеј-оф во шампионатот на Полска, како што тоа веќе одамна го прават останатите учесници во оваа лига.

Засега нема одговор ниту од Веспрем. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков, а следната сезона на голот ќе го гледаме и Арпад Штербик чека дозвола од унгарската федерација. 

Покрај Веспрем за СЕХА-лигата голема заинтересираност пројави и новиот шампион Пик Сегед. 

 

Најново во Ракомет