УШТЕ ЕДЕН ТЕЖОК МЕЧ ЗА МЕТАЛУРГ

Кузмановски: Целје е голем тест, пред дербито со Вардар

Пред македонското дерби со Вардар, Металург му гостува на фаворитот Целје. Од табророт на македонскиот тим се свесни дека ќе мора да одиграат максимално доколку сакаат да бидат рамноправен противник и да дојдат до изненадување.

објавено: 6 декември 2017 - 14:30

Пред македонското дерби со Вардар, Металург му гостува на фаворитот Целје (денеска, 19 часот). Од табророт на македонскиот тим се свесни дека ќе мора да одиграат максимално доколку сакаат да бидат рамноправен противник и да дојдат до изненадување.

„Играме добар ракомет во текот на целата сезона, но имаме и големи осцилации во текот на натпреварите и често без потреба губиме бодови. Сепак, ние веруваме во себе и чувствуваме дека можеме да се надигруваме со секого. Целје за нас ќе биде голем тест, пред дербито со Вардар", вели капитенот, Филип Кузмановски.

Тренерот на Металург, Александар Јовиќ уште еднаш посочи дека целта на неговиот тим е да соберат што поголемо искуство, а дуелот со Целје е еден од тие мечеви.

"Знаеме дека Целје има силен тим, со одлична сезона во Лигата на шампионите и во СЕХА Гаспром лигата. Ние ќе мораме да го одиграме нашиот најдобар натпревар, за да имаме шанса за поволен резултат. Но, тоа е единствениот начин да се развива и да се стане подобар. Овие натпревари можат добро да ни послужат, бидејќи можеме да стекнеме искуство и да видиме до каде сме во моментот“.

 

 

Најново во Ракомет