НЕ МОЖАТ ДА ИГРААТ НА ПОВЕЌЕ ФРОНТОВИ

Лани сакаа да бидат домаќини на Ф4, а сега се откажаа од СЕХА-лига

Словенечкиот тим Горење Велење, следната сезона нема да настапува во СЕХА Гаспром лигата.

објавено: 8 јули 2018 - 17:00

Словенечкиот тим Горење Велење, следната сезона нема да настапува во СЕХА Гаспром лигата. Враќањето на словенечките екипи во системот на натпреварување во домашното првенство, како и скратениот играчки кадар е причината поради која мораат да се откажат од регионалното натпреварување. 

„Ние сме исклучително задоволни од настапите во СЕХА лигата, но годинава имавме големи промени во играчкиот кадар, а со враќањето во домашното првенство по одлука на здружението на клубови, ќе имаме 22 натпревари повеќе. Со овој скратен играчки кадар, за жал нема да можеме да одговориме да играме на повеќе фронтови, па затоа следната сезона нема да играме во СЕХА лигата", изјави Рок Бизјак, директорот на Горење.

Која екипа ќе игра на местото на Горење Велење ќе биде познато до 20. јули.

Најново во Ракомет