МЕТАЛУРГ Е ПОДГОТВЕН ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Лино Червар: Најмлади сме, и во СЕХА и во Лигата на шампионите!

„Ќе се обидеме со секоја должна почит кон противникот да се спротивставиме. Нема потреба да се трошат зборови за квалитетот на Вардар. Ние сме скромни, но амбициозни да покажеме дека вредиме“- порача Хрватот пред првото дерби во новата сезона, она против Вардар, во сабота навечер во ВИП Арената „Борис Трајковски“.

објавено: 31 август 2017 - 12:35

Лино Червар ја потсети јавноста дека овој Металруг е малку поразличен во однос на оној од минатата сезона. И кажа дека е радосен за успесите на нашата селекција до 21 година за постигнатито резултат во Алжир.

Ова е старт на сезоната со еден поинаков Металург. Без Обрадовиќ, Марчец, Вејн и со промена на структурата на екипата... Но со новите засилувања се потрудивме да има рамнотежа меѓу играчите со години и оние кои не следат, знаат дека сме најмлада екипа и во СЕХА и во Лигата на шампионите.

Приклучивме и многу млади играчи од нашиот погон како Серафимов, Шилегов... Одиме по нашиот пат. Успехот на У21 репрезентацијата во Алжир е резултат на една идеја, еден концепт. Борбата продолжува понатаму и ме радува што и другите клубови Вардар, Охрид, Струга го прават истото...

Ние сме конкуренција, но не треба да постои омраза, туку поддршка за што повеќе нашите деца да бидат вклучени во сето тоа. Горд сум што Металург имаше 90% од играчите во репрезентацијата и единствена наша конкуренција беше Веспрем со 7 играчи во националниот тим на Унгарија.

Тоа е добро за македонскиот ракомет, во 2019 СП кадети Македонија може да се бори за самиот врв на светскиот ракомет“.

Хрватот се осврна и на она што следува овој виденд. Супер-стартот на сезоната, односно дуелот со Вардар, закажан за сабота навечер во ВИП Арената „Борис Трајковски“. 

За мечот со Вардар, му честитам на нашиот ривал за освојувањето на Лигата на шампионите и секако дека се фаворити, ќе се потрудиме да покажеме дека имаме волја и желба да се спротивставиме. Ќе се обидеме со секоја должна почит кон противникот да се спротивставиме. Нема потреба да се трошат зборови за квалитетот на Вардар. Ние сме скромни, но амбициозни да покажеме дека вредиме. Мора да бидеме борбени, концентрирани и да дадеме што повеќе можеме за тоа да биде квалитетен, фер и коректен меч“- како за почеток на сезоната посака Червар.

Филип Кузмановски вели дека овој Металург е подготвен за новите предизвици

„Ја имаме честа сезоната да ја отвориме со европскиот првак. Добро работевме во подготовките и мислам дека сме подготвени. Ова е еден млад тим, желен за докажување и потребна ни е поддршка од публиката за нови успеси и добри партии“- истакна репрезентативецот од редовите на „металурзите“.

 

Најново во Ракомет