СРБИНОТ МОРА ДА БИДЕ МЕЃУ ДИРЕЦИТЕ

МА КАКВА ЗАБОБОЛКА: Арсиќ може сè!

Втор натпревар во низа Србинот ќе биде прв избор меѓу диреците на „металурзите" иако истовремено се бори и со забоболка. 

објавено: 10 септември 2017 - 14:57

Дарко Арсиќ и Мартин Томовски се голманскиот тандем за Металург на денешниот натпревар со Нексе, во СЦ „Борис Трајковски". Арсиќ втор натпревар во низа ќе биде прв избор меѓу диреците за Лино Червар иако истовремено се бори и со забоболка. Србинот на гостувањето во Панчево со оток (од забот) го одигра дуелот со Динамо (и имаше 14 интервенции), а со истиот проблем се соочува и сега, но ќе мора да „стисне заби".

Нема одмор за Арсиќ, иако Лино Червар на располагање го има и третиот голман Никола Даниловски, но засега стратегот на Металург не им укажува доверба на двајцата македонски репрезентативци да го чуваат голот, туку главна улога има Србинот.

Најново во Ракомет