ТОА Е ТОЈ ПОБЕДНИЧКИ ДУХ

Марсениќ: Ние сме европски прваци и треба така да се однесуваме

Целје е последната станица на Вардар пред ЕХФ-неделата. Европскиот и регионален првак на гостувањето кај словенечкиот тим ќе ја бараат шестата победа во СЕХА-лигата.

објавено: 20 октомври 2017 - 14:30

Целје е последната станица на Вардар пред ЕХФ-неделата. Европскиот и регионален првак на гостувањето кај словенечкиот тим ќе ја бараат шестата победа во СЕХА-лигата. Ако се суди според играта на „црвено-црните“ во досегашниот дел од сезоната, но и меѓусебните дуели, Вардар треба да го продолжи триумфалниот поход.

Иако во составот ќе ги нема капитенот Стојанче Стоилов, Хорхе Македа и Рожерио Мораес, кои поради повреди останаа во Скопје, сепак од таборот на македонскиот шампион веруваат дека ќе дојдат до двата бода.

 „Нѐ очекува тежок меч после доста трошење на дуелот со Барселона, па потоа дојде и Загреб, и тука требаше да се потрудиме на почетокот. Така ќе биде и во Словенија, имаме мали проблеми со повредите. Ние сме европски прваци и треба така да се однесуваме, да сме мотивирани. Тие играат добро, играат со многу трчање, брзи напади и се надевам ќе го сопреме Млакар нивниот најдобар играч и дека ќе славиме во Словенија“, рече Мијајло Марсениќ пред заминувањето за Словенија.

Натпреварот меѓу Целје и Вардар е закажан за в сабота во 17,45 часот со пренос на МТВ.

Најново во Ракомет