БЕЛОРУСКИОТ ТИМ ГО ПОТВРДИ СВОЕТО МЕСТО

Мешков влезе во Ф4: Вардар одново ќе игра со Загреб во полуфиналето

Мешков Брест го обезбеди местото во Фајнал-фор турнирот во СЕХА-лигата, откако на гостувањето во Загреб стигна до 31:25 победа. По овој меч, Вардар како првопласиран тим во полуфиналето повторно ќе се сретне со хрватскиот тим. 

објавено: 16 март 2017 - 19:40

Со гостинската победа во Хрватска, Мешков се приклучува на Вардар, ППД Загреб и Веспрем како најдобар регионален тим. Овој меч директно одлучуваче кој тим ќе игра на Ф4 турнирот, бидејќи со евентуален пораз на Мешков, словенечкиот Целје ќе беш дел од елитата.

По овој меч, Вардар како првопласиран тим во регуларниот дел, во полуфиналето и оваа сезона ќе се сретне со хрватскиот тим, додека Мешков Брест ќе игра со бранителот на трофејот.

Инаку белорускиот тим е најсериозен кандидат за организација на Ф4 турнирот, бидејќи фаворити за истиот беа Целје и Мешков.

ППД Загреб - Мешков Брест 25:31

Најново во Ракомет