ЗАКАЖАНО МАКЕДОНСКОТО ДЕРБИ НА СТАРТОТ НА НОВАТА СЕХА СЕЗОНА

Металург го чека Вардар на 2 септември

Металург во „Автокоманда" на 2 септември ќе го пречека Вардар, на отворањето на новата сезона во СЕХА Газпром лигата.

објавено: 24 јули 2017 - 16:16

Металург во „Автокоманда" на 2 септември ќе го пречека Вардар, на отворањето на новата сезона во СЕХА Газпром лигата. Македонските претставници преку меѓусебно соочување ќе ја започнат новата регионална сезона, а „металурзите" како домаќини го дефинираа терминот и истиот е потврден од СЕХА.

Сега останува да се прецизира уште сатницата која е во координација со националниот јавен сервис, кој врши директен пренос на сите натпревари од Регионалната лига.
Вардар е бранител на титулата во СЕХА, додека Металург лансата сезона ја заврши во средината на табелата.

Најново во Ракомет