Александар Јовиќ убеден во подобри денови на клубот

Металург ќе најде излез од кризата

Тимот од Автокоманда остана без четворица ракометари од есенскиот дел, пред се поради финансиски проблеми, и во тиe услови ќе го дочека дуелот со Војводина во СЕХА Лигата, со доста проблеми...

објавено: 2 февруари 2018 - 13:30

Првиот натпревар во вториот дел од сезоната македонскиот вицепрвак Металург ќе го игра во недела.

Во меѓувреме тимот од Автокоманда остана без четворица ракометари од есенскиот дел, пред се поради финансиски проблеми, ќе го дочека дуелот со Војводина во СЕХА Лигата со доста проблеми.
Тренерот Александар Јовиќ вели дека ќе играат со противник што добро ги познава, но ќе се потрудат да ги освојат бодовите.
Не бега од тоа дека Металург долго време се мачи со финансиска криза.

„Неделниот натпревар би го окарактеризирал како дерби од долниот дел на табелата во СЕХА. Нѐ чека исклучително тежок натпревар по подолга играчка пауза. Војводина има нов тренер во Касим Каменица, кој добро ја познава нашата екипа.
Мислам дека добро ќе се подготват и ќе сакаат да ги освојат бодовите во Скопје. Меѓутоа и ние тренираме одлично ви овој период и јас сум убеден дека момците ќе дадат максимум од себе на неделниот натпревар.
Имаме 11 младински репрезентативци и редно е тие да си ја добијат својата шанса и да покажат што знаат. Сега имаме убедливо најмлада екипа во СЕХА, а јас сум убеден дека и оваа екипа има квалитет и дека младиве играчи имаат потенцијал. Исто така верувам и дека нашиот спонзор Минчо Јорданов ќе најде решение и Металург конечно ќе излезе оваа криза која што трае веќе некое време" – вели Јовиќ, пред натпреварот кој ќе се игра во невообичаен термин в недела од 15. часот во Вип Арената „Борис Трајковски".

Најново во Ракомет