Прва победа за постојаниот учесник во Сеха лигата

Металург лесно ја погоди метата на „Стрелиште“ во Панчево, Динамо декласиран со 25:20

Македонскиот вицешампион Металург ја забележа првата победа во СЕХА лигата, против Динамо во Панчево со 25:20 во последниот меч од второто коло

објавено: 6 септември 2017 - 22:21

Македонскиот вицешампион Металург ја забележа првата победа во СЕХА лигата, против Динамо во Панчево со 25:20 во последниот меч од второто коло.

Скопјани тргнаа фуриозно со серија од 8:0 во салата кај популарното Стрелиште во Панчево, а гостите погодуваа од сите позиции на стартот. Предноста од осум голови разлика беше и во 18. минута кога Металург водеше со 11:3, а потоа домаќините кои дебитираат во Сеха лигата се опуштија и намалија на 9:14 пред финишот на првиот дел. Сепак се знае кој е фаворит, а Металург е многу подобар состав од Динамо, па рутински ја одржуваше предноста се до крајот и си заминува во Скопје со првите три бода во ова издание на Регионалната Лига.

Жарко Пешевски и Божо Анѓелиќ беа најефикасни кај победниците со по 5 погодоци, Анте Токиќ даде 4, а Филип Кузмановски и Вања Илиќ по трипати ја погодија домашната мрежа. Дарко Арсиќ беше доличен на голот на Металург со 14 одбрани.

Најново во Ракомет