„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ СЕ ВРАТИЈА НА ВРВОТ

Металург само го изнамачи Вардар, Шпенде промаши бод (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонското дерби во СЕХА-лигата му припадна на Вардар, по вторпат сезонава, но многу потешко го совлада Металург со 26-27.  

објавено: 5 декември 2018 - 21:40

Македонското дерби во СЕХА-лигата заврши во корист на Вардар, кој пак се измачи за да го совлада Металург (26-27). Момците на Данило Брестовац го одигаа еден од најдобрите мечеви сезонава, но тоа не беше доволно за втора победа во регионалното натпреварување. 

Македонскиот првак во составот ги немаше капитенот, Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров и Калифа Гедбан. Роберто Гарсија Парондо и на овој меч експериментираше, од стартот на голот го постави Марко Кизиќ, кој ја оправда довербата, имаше 14 интервенции. Данис Кристопанс беше стрелец на пет гола, сите ги постигна во втрото полувреме, иста бројка зад своето име запиша Чупиќ. На другата страна Шпенде имаше шест погодоци.  

Вардар отвори со серија од 1-3, стрелец на трите гола беше Кристијан Дисингер. Гостите поведоа со 4-8 во 16. минута. „Црвено-црните“ до крајот на полувремето или 14. минути постигнаа само три гола, додека на другата страна Шпенде, Серафимов, Јагуриноски, Пучник и Токиќ искомбинираа девет гола за 13-11 на одморот.

По одморот следеше нова доминација на домашниот состав, направи серија од 4-1 за највисоки 16-12 во 36. минута, време за да Парондо го повика првиот тајм-аут. 

Вардар дури во 20. минута со серија од 4-1 израмни на 21-21. Мечот влезе во неизвесна завршница, а гостите по со голот на Кристопанс го вратија водството по 32. минути 23-24. Кизиќ со 12 интервенција го врати својот тим, а Летонецот одново погоди за 23-25 на четири минути до крајот. Сето ова не беше доволно за да се урнат ракометарите на Металург, следеше ново израмнување во 27. минута (25-25). 

„Црвено-црните“ на 30 секунди при 26-27 не успеаја да го зголемат водството, Дисингер изгуби топка, на другата страна Шпенде не погоди за реми. 

Најново во Ракомет