ТРЕТА ГОДИНА ВО НИЗА, МАКЕДОНСКО ДЕРБИ НА СТАРТОТ

Металург - Вардар на отварањето на СЕХА

Македонските претставници, Металург и Вардар ќе го отворат седмото издание на Регионалната лига. Тимот од Автокоманда ќе го пречека бранителот на шампионската титула на 29 или 30 август. 

објавено: 7 јули 2017 - 13:44

Македонско дерби на стартот на СЕХА-лигата. Нашите претставници, Металург и Вардар ќе го отворат седмото издание на Регионалната лига. Тимот од Автокоманда ќе го пречека бранителот на шампионската титула на 29 или 30 август.

За да се задржи регуларноста на СЕХА-лигата, одлучено е државите коишто имаат две екипи во ова натпреварување секогаш да ги играат првите натпревари меѓу себе. Поради тоа изгледот на првото коло се дуели кои се национално дерби. Хрватските претставници Загреб и Нексе, српските клубови Војводина и Динамо Панчево, како и словенските Горење и Целје се останатите парови од првото коло.

Единствено Татран Прешов и Мешков Брест не се ваква двојка, бидејќи доаѓаат од Словачка, односно Белорусија.

За потсетување, по три години учество во Регионалната лига, вицепрвакот Веспрем се откажа, додека БиХ нема да има свој претставник. Бројката од 10 екипи ја надополнија Војводина и Динамо Панчево, кои се враќаат по една година пауза.  

 

 

 

Најново во Ракомет