ОСМИ ПОРАЗ ВО СЕХА-ЛИГАТА И ПОКРАЈ ДОБРАТА ИГРА

„Металурзите“ со повеќе од достоен отпор во Загреб

Избраниците на Александар Јовиќ на крајот го забележаа осмиот пораз во СЕХА-лигата, откако на гостувањето кај „плинарите" беа совладани со 30-28 (15-13).

објавено: 13 февруари 2018 - 20:27

Металург тргна по изненадување, но во Загреб успеа да пружи само чесен отпор и покрај лошата ситуација во клубот и бројните проблеми, ракометарите одиграа добар меч. Избраниците на Александар Јовиќ на крајот го забележаа осмиот пораз во СЕХА-лигата, откако на гостувањето кај „плинарите“ беа совладани со 30-28 (15-13). 

Халил Јаганац со девет погодоци и Филип Кузмановски со седум беа најефикасни кај македонскиот тим, на другата страна Хорват и Контрец имаа по осум гола.

Ракометарите на тимот од Автокоманда во првото полувреме имаа и водство (2-3, 3-4, 9-10), но во 27. минута по нерешените 12-12, Хорват и Контрец направија серија од 3-0 за позитива од 15-12 на одморот.

Во продолжение, ППД Загреб кој на овој меч настапи без неколкумина ракометари, дојде на највисоки плус четири (21-17) во 40. минута. На другата страна „металурзите“ се обидуваа да фатат приклучок. Тоа им успеа во последните минути, кога направија серија од 4-0 и се доближија на 29-28. 

 

Најново во Ракомет