ВАРДАРОВИОТ ГОЛМАН ПО ДУЕЛОТ СО СТЕАУА БУКУРЕШТ

Милосављев: Не ги бираме противниците, секогаш даваме максимум

Вардар ја запиша четвртата победа во СЕХА-лигата, на домашен терен ја совлада Стеауа Букурешт со 27-21. 

објавено: 18 септември 2018 - 22:07

Без проблем, Вардар го продолжи победничкиот поход во СЕХА-лигата. Ниту Стеауа Букурешт не успеа да застане на патот на македонскиот првак, на крајот си замина со пораз од 27-21.

Дејан Милосављев и овој пат беше на ниво на задачата, запиша 11 интервенции. Вардаровиот голман е задоволен што сите во составот го дадоа својот максимум, што пак е цел на тимот на секој меч без разлика дали станува збор за СЕХА-лига или пак Лигата на шампиони.  

„Нам, како Вардар, важен ни е секој натпревар, не ги бираме противниците и секогаш даваме максимум. Се надевам дека од натпревар во натпревар ќе играме се подобро. Денеска добија шанса играчите со помала минутажа да го изнесат натпреварот, но најважно е тимот да победува и секогаш целта ќе ни биде да победуваме и да ја направиме публиката задоволна“, изјави вардаровиот голман.

Предводникот на македонскиот тим, Роберто Гарсија Парондо, немаше замерки за играта.

„Ова победа беше важна за нас. Одигравме добар меч, одигравме против добар тим, кој играше доста цврсто. Денеска сите играчи добија шанса, сите го дадоа најдоброто“, изјави Роберто Гарсија Парондо.  

Најново во Ракомет