Четвртти турнир во ВРХЛ лигата

НА ОТВОРАЊЕТО: Вардар против Крим за потврда на доминацијата

Со натпреварот меѓу Вардар и Крим денеска во 15 часот почнува четвртиот турнир од регионалната женска ВРХЛ лига чиј домаќин е Вардар.

објавено: 27 март 2018 - 12:00

Во наредните три дена, односно во периодот од 27 до 29 март во СЦ „Јане Сандански" ќе се играат натпреварите од лигата каде Вардар е бранител на трофејот. До крајот на лигата ќе треба да се одигра уште еден турнир, следниот месец.

Вардар е непоразен на шесте досегашни натпревари од регионалната ВРХЛ лига, на досегашните три одиграни турнири. На турнирот ќе играат и екипите на Будуќност од Подгорица и Крим Меркатор од Љубљана.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

Вторник, 27 март, 15 часот:
Вардар - Крим (голема сала СЦ „Јане Сандански")

Среда, 28 март, 11 часот:
Будуќност - Крим (голема сала СЦ „Јане Сандански")

Четврток, 29 март, 15 часот:
Вардар - Будуќност (голема сала СЦ „Јане Сандански")

Влезот за сите натпревари во СЦ „Јане Сандански" за ВРХЛ лигата е слободен.

Најново во Ракомет