ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ПРЕД СТАРТОТ НА ФАЈНЛ-ФОРОТ

На вардаровата доминација и нема крај

Пред стартот на завршницата во регионалното натпреварување, СЕХА-лига излезе со статистики бројки...Во категоријата нај,нај...секако е Вардар.   

објавено: 28 март 2018 - 13:50

Кога е во прашање СЕХА-лигата, тука нема дилеми. Вардар е најдобар оваа сезона, но и тимот кој ги одбележа годините наназад. Избраниците на Раул Гонзалез ја поседуваат најдобрата одбрана и најдобриот напад. Црвено-црните“ оваа сезона примија 445 гола, а додека дадоа 565 погодоци, логично на ова ја имаат најдобрата разлика.

Вардар е тимот кој има најмногу учества во финалето на СЕХА-лигата, само еднаш не беше дел од борбата за титулата. Македонскиот тим досега бил дел од сите фајнл-фор завршници, заедно со ППД Загреб. За првпат во историјата на ова натпреварување, завршницата по вторпат ќе се одржи во Скопје, благодарение на „црвено-црните“.

Вардар го држи рекордот на победи, оваа сезона ја заврши со 17 триумфи и само едно реми.

Во категоријата нај, нај...се најди и ракометарот на Металург, Халил Јаганац со 100 гола е наодбриот стрелец оваа сеозна.

Останатите факти може да ги прочитате на овој ЛИНК.  

Фајнл-форот е закажан од 13-15 април во Скопје, во полуфиналето Вардар ќе ги одмери силите со Мешков Брест, а додека во втората двојка ќе се сретнат ППД Загреб и Целје. Билетите веќе се во продажба и истите ќе се продаваат по цена од 300 денари (блок билети за двата дена) и 200 денари само за еден ден.

Најново во Ракомет