СЕДМИ ПОРАЗ ВО СЕХА-ЛИГА

Навиките останаа исти, Металург поразен во Нови Сад

Македонскиот вицепрвак е поразен на гостувањето кај Војводина со 31-30 во рамките на деветото коло во СЕХА-лигата. 

објавено: 29 ноември 2018 - 18:39

Ништо ново од Металург во Нови Сад. Македонскиот вицепрвак имаше позитива од седум гола во првиот дел против Војводина и контрола на резултатот до 45. минута, но на крајот беше совладан со 31-30. За тимот од Автокоманда ова беше седми пораз и со скор од една победа и реми се најде на претпоследното место на табелата во СЕХА-лигата. 

Згоран на се, во третата минута од мечот се повреди Томислав Јагуриноски. Среќа не станува збор за нешто сериозно, настрада аркадата на десниот бек, па тој за врзо време ќе се врати на терените.

Избраниците на Данило Брестовац одиграа одлично во првото полувреме, во 21. минута имаа позитива од плус седум (8-15). Не успеаја да го задржат ритамот, противникот врати со серија од 7-1 и се доближи на 15-16. На одморот македонскиот вицепрвак замина со позитива од 15-17.

Резултатската „клацкалка“ продолжи. На средината на второто полувреме домаќинот по 40. минути пауза дојде до второто водство на мечот (25-24), а една минута подоцона дојде до највисоката предност од 26-24. Неколку одбрани на Даниловски, исклучување кај Војводина, беа доволно за враќање во игра, Шпенде и Миличевиќ го вратија водството 27-28.

Дуелот влезе во незивесна завршница. По голот на Николиќ за 30-29, Шпенде не реализираше седмерец, но Металург доби нова шанса од истото место, Пучник погоди за 30-30. Војводина остана без играч помалку, во последниот напад изнуди трето исклучување на Пучник. Челица го најде патот до мрежата (31-30), Брестовац повика тајм-аут, Танкоски погоди статива. 

Шпенде со седум гола беше прв стрелец, еден помалку имаше Токиќ. Мартин Томовски немаше своја вечер, немаше ниту една одбрана, додека Даниловски забележа пет. 

Најново во Ракомет