ПО ТРИУМФОТ НАД ВОЈВОДИНА, „ПЛИНАРИТЕ" СЛЕДЕН ПРОТИВНИК

НЕМА ПАРИ АМА ИМА ЖЕЛБА: Металург по изненадување во Загреб

Ракометарите на Металург по кој знае кој пат покажаа дека се посилни и поголеми од сите проблеми, па така уште еднаш собраа сили и отпатуваа за Загреб, каде попладнево (19 часот) се среќаваат со хрватскиот првак ППД Загреб.

објавено: 13 февруари 2018 - 16:20

Ракометарите на Металург по кој знае кој пат покажаа дека се посилни и поголеми од сите проблеми, па така уште еднаш собраа сили и отпатуваа за Загреб, каде попладнево (19 часот) се среќаваат со хрватскиот првак ППД Загреб.

И не само тоа, „металурзите" се надеваат дека по победнички старт во новата година против Војводина, ќе влезат во серија и ќе му приредат изненадување на фаворизираниот противник.

„Го респектираме Загреб. Тоа е еден од најдобрите тимови во СЕХА-лигата, но доколку успееме да одиграме во најдобро светло и високото ниво да го задржиме во текот на целиот натпревар можеме да ги изненадиме. Победата над Војводина ни ја крена самодовербата. Желбата е да се задржи победничкиот ритам", коментира левото крило на Металург, Вања Илиќ пред мечот со „плинарите".

Металург во Загреб отпатува во комплетен состав и ќе се соочи во хрватскиот првак, кој има и тоа како сериозни проблеми со повреди. Десниот бек Марио Вуглач заработи повреда во мечот со Висла Плоцк во Лигата на шампионите, а на листата се уште и Матеј Хрстиќ, Давид Миклавчиќ, Јосип Векиќ и Тин Лучин, додека од оваа полусезона во редовите на Загреб ги нема ниту Стипе Мандалиниќ (Фуксе Берлин), односно Жарко Марковиќ (Катар).

Најново во Ракомет