се знае кој е “газда” во шестерецот во “Јане Сандански”

Нова вуду магија на Штербик, имаше 20 одбрани

Кога Арпад брани, се е полесно за Вардар

објавено: 13 април 2018 - 19:16

Вардар оствари половина од мисијата на фајнл-фор турнирот во СЕХА лигата. ”Црвено-црните” без многу проблеми го совлада Мешков Брест и се пласираше во финалето.

Како многу пати досега, централна фигура на теренот беше голманот на Вардар, Арпад Штербик. Тој повторно го “магепса” голот за противниците, а тогаш на вардарци им е многу полесно. 

Штербик мечот го заврши со неверојатни 20 одбрани од кои два беа пенал удари. Едноставно тој е феноменален кога најмногу треба.

Најново во Ракомет