ПО ЧЕТИРИТЕ ПОБЕДИ ВО СЕРИЈА ВО СЕХА-ЛИГАТА

ТОА Е ТОА: Пола Вардар во тимот за месец септември

Новинарите на СЕХА-лига ги одбраа најдобрите ракометари за месец септември. Сосема очекувано доминираат играчите на Вардар. 

објавено: 28 септември 2017 - 16:46

Екипата на Вардар со четири победи во низа ја започна одбраната на титулата во СЕХА-лигата. Македонскиот тим го потврди она што беше најавувано пред стартот на новата сезона, дека ќе биде најсериозен кандидат за освојување на титулата.

„Црвено-црните“ убедливо и без мака ги решија сите натпревари. Оттука не е за изненадување што вардаровите ракометари доминираат во тимот за месец септември во СЕХА-лигата, кој го составија новинарите на регионалното натпреварување.

Тимур Дибиров, Иван Чупиќ и Вуко Борозан ја сочинуваат најдобрата седумка, додека признанието за најдобар тренер му припадна на Раул Гонзлаез. Во тимот на месецот се најде македонскиот репрезентативец и член на Металург, Жарко Пешевски. 

Најдобар голман: Урбан Лесјак (Целје), лево крило: Тимур Дибиров (Вардар), Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар), пикер: Жарко Пешевски (Металург), лев бек: Вуко Борозан (Вардар), среден бек: Доминик Крок (Татран П.), десен бек: Бруно Буторац (Татран Прешов) и тренер: Раул Гонзалез (Вардар).

СЕХА даде објаснување зошто овие ракометари ја сочинуваат најдобрата седумка, истото може да го прочитате ТУКА. 

Најново во Ракомет