КАКО ШТО И СЕ НАЈАВУВАШЕ, РОМАНЦИТЕ ДЕЛ ОД РЕГИОНАЛНАТА ЛИГА

Официјално: Стеауа во СЕХА, познати сите 10 учесници во новата сезона!!!

Се комплетираше изгледот на регионалната лига за новата натпреварувачка сезона 2018/2019, Извршниот комитет на натпреварувањето одлучи кој ќе биде десеттиот учесник во осмата сезона.

објавено: 14 август 2018 - 14:12

10. клуб кој ќе учествува во претстојната сезона на СЕХА - Газпром лигата е Стеауа Букурешт од Романија.

Со учеството на романскиот вице-шампион, регионалната лига ги проширува своите територии и работи на популаризација на клубовите, СЕХА - Газпром лига и ракометот воопшто, романскиот ракомет, како и во остатокот од Европа.

Клубови кои ќе учествуваат во сезоната 2018/19 се:

Извиѓач (Босна и Херцеговина)
Мешков Брест (Белорусија)
Металург (Македонија)
Нексе (Хрватска)
ППД Загреб (Хрватска)
Стеауа Букурешт (Романија)
Татран Прешов (Словачка)
Вардар (Македонија)
Војводина (Србија)
Железничар (Србија)

Сите ќе бидат информирани наскоро за распоредот на натпреварите за сезоната 2018/19.

Првите натпревари од новата натпреварувачка сезона се закажани за вторник (28 август) и среда (29 август) 2018 година.

Најново во Ракомет