НА САМИОТ СТАРТ НА ФАЈНЛ-ФОРОТ

Падна првиот рекорд, соопственик е Кристопанс

Ракометарот на македонскиот тим, Вардар денеска стана првиот играч со 127 одиграни меча во СЕХА-лигата. 

објавено: 13 април 2018 - 18:00

На самиот старт на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига падна првиот рекорд. Ракометарот на Вардар, Данис Кристопанс стана првиот играч во регионалното натпреварување со 127 одиграни меча. На оваа листа со најмногу настапи се уште Тончи Валчиќ (ППД Загреб) и Јакуб Хрстка (Татран Прешов).

Ова не е единственото оставрување кое Летонецот може да го постигне на завршницата. Во моментов има 571 погодоци, само осум го делат да се израмни со најдобриот стрелец Радослав Антл. 

 

Најново во Ракомет