НА 11 ДЕНА ПРЕД СТАРТОТ

ПОЛОВИНА ОД БИЛЕТИТЕ ПРОДАДЕНИ: Ќе биде фешта во „Јане Сандански"

Кога Вардар е домаќин, во тој случај нема утка, салата секогаш е исполнета.

објавено: 2 април 2018 - 13:15

Кога Вардар е домаќин, во тој случај нема утка, салата секогаш е исполнета. На 11 дена пред стартот на фајнл-форот, од СЕХА соопштија дека половина од билетите се продадени.

Завршницата се игра од 13 до 15 овој месец во "Јане Сандански", картите се достапни за сите. Билетите за два дена чинат 300 денари, додека за еден ден 200 денари.

Вардар е бранител на титулата во полуфиналето игра против Мешков Брест, во втората двојка силите ќе ги одмерат ППД Загреб и Целје.

Најново во Ракомет