МАКЕДОНСКИОТ ТИМ ДЕНЕСКА ЗАМИНУВА ЗА ЦЕЛЈЕ

Поради повреди, Македа и Стоилов остануваат во Скопје

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез на гостувањето кај Целје во рамките на Сеха-лигата нема да смета на услугите на Хорхе Македа и Стојанче Стоилов. 

објавено: 20 октомври 2017 - 12:25

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез на гостувањето кај Целје во рамките на Сеха-лигата нема да смета на услугите на Хорхе Македа и Стојанче Стоилов. Капитенот на македонскиот шампион, има оток на коленото, додека Македа се пожалил на болка во мускулот на ногата, по мечот со Загреб.

Надвор од терените и натаму ќе биде Рожерио Мораес, кој на дуелот со Барселона се здоби со скршеница на носот.

Натпреварот меѓу Целје и Вардар има епитет „дерби на колото" според СЕХА, а се игра в сабота (17:45 часот).

Најново во Ракомет