„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ИМААТ ШАНСА ЗА ОДМАЗДА

ППД Загреб му закажа ново финале на Вардар среде Скопје

ППД Загреб обезбеди пласман во финалето на Ф4, откако го совлада Целје со 29-28. 

објавено: 13 април 2018 - 21:51

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов најави дека оваа година нема да дозволат пехарот да „мрдне“ од Скопје, како што тоа беше случај пред пет години кога нашиот главен град беше домаќин на завршницата во СЕХА-лигата.

Судбината посака Вардар во финалето да се сретне со стариот должник ППД Загреб, кој во 2013 година на сметка на „црвено-црните“ ја освои титулата. Хрватскиот тим го совлада Цејле по голема драма со 29-28 во второто полуфинале и му закажа средба на македонскиот шампион, кој е бранител во ова натпреварување.

„Плинарите“ постојано беа во водство, отворија со серија од 7-3, а додека на полувремето заминаа позитива од 14-11. Целје по одморот дојде на 14-12 и 25-23, и кога сите мислеа дека ППД Загреб лесно ќе дојде до победата, словенечкиот тим во последната минута од мечот влезе со негатива од еден гол 28-27, благодарение на серијата од 4-1. Домагој Павловиќ погоди од тешка ситуација, на крајот неговиот тим славеше со 29-28.

Токму Павловиќ со седум погодоци сите во второто полувреме беше најефикасен кај победникот, зад него беше Златко Хорвар со пет гола. 

Финалниот дуел меѓу Вардар и ППД Загреб се игра во недела со почеток во 20:15 часот, претходно Целје и Мешков Брест ќе го одиграат мечот за третото место.

 

 

Најново во Ракомет