МЕТАЛУРГ ПРЕД НОВА ТЕШКА ЗАДАЧА

ППД Загреб не минувал најдобро во Скопје

По одличната игра против Спортинг во Лигата на шампионите, младите „металурзи“ вечерва (20:45 часот) ќе се обидат против незгодниот ППД Загреб да дојдат до третата победа во СЕХА-лигата. Лино Червар за првпат сезоава нема да биде на „кормилото“ на тимот од Автокоманда, кој во продолжение ќе игра под „нотите“ на Александар Јовиќ.

објавено: 3 октомври 2017 - 16:30

По одличната игра против Спортинг во Лигата на шампионите, младите „металурзи" вечерва (20:45 часот) ќе се обидат против незгодниот ППД Загреб да дојдат до третата победа во СЕХА-лигата. Лино Червар за првпат сезоава нема да биде на „кормилото" на тимот од Автокоманда, кој во продолжение ќе игра под „нотите" на Александар Јовиќ.

Доброто издание во третото коло во елитното натпреварување, но и позитивната традиција против ППД Загреб минатите сезони на дуелите во Скопје на ракометарите на Металург им дава дополнителна верба дека може да дојдат до два нови бода за зголемување на самодовербата пред гостувањето кај Чековски Медведи.

Овие два тима до сега имаат одиграно пет меча во Скопје, два од нив завршиле со триумф на Металург, два без победник и еден со победа на хрватскиот тим.

Голманот на „металурзите“ Дарко Арсиќ верува дека имаат сили за нова добра партија и против ППД Загреб.

"Свесни сме дека Загреб е силна и искусна екипа. Ние мораме да ја повториме играта од Спортинг, ако сакаме поволен резултат. Очекувам да бидеме на тоа ниво. Мислам дека низ овие неколку изминати натпревари созреавме како екипа и треба да продолжиме напред. Сакам да упатам повик и до навивачите да дојдат утре во што поголем број и да ни дадат поддршка на овој тежок натпревар. Мислам дека имаме сила и енергија да одиграме уште еден натпревар како против Спортинг Лисабон", изјави Дарко Арсиќ.

 

Најново во Ракомет