ПРОДОЛЖУВА „ЦРВЕНО-ЦРНАТА“ ДОМИНАЦИЈА ВО СЕХА

ППД Загреб стана редовен пациент на Вардар

Вардар ја забележа петата победа во низа во СЕХА-лигата, откако повторно за краток период повторно го совлада тимот на ППД Загреб 30-23 (17-10).

објавено: 17 октомври 2017 - 18:58

Многумина беа скептични дека по дуелот со Барселона, Вардар нема да има сила за уште еден одличен меч. Но, Раул Гонзалез и неговите избраници уште еднаш сезонава на дело покажаа зошто се регионален и европски првак. За многу краток период, повторно го совладаа ППД Загреб со 30-23 (17-10), но овој пат во регионалното натпреварување за петта победа во низа. Домашните ракометари на овој натпревар играа без Стојанче Стоилов, Рожерио Мораеш и Данаил Шишкарев

На голот на македонскиот тим бешеСтрахиња Милиќ, кој средбата ја заврши со 17 интервенции, а шанса доби и Даниел Ѓорѓески, кој имаше три одбрани. Најефикасни беа Дибиров и Карачиќ со по шест погодоци, пет гола запиша Борзан. 

Гостите се држеа до 17. минута во која со голот на Кастелиќ имаа водство од 6-7. Вардарци со серија од 4-0 поведоа со 10-7 во 23. минута, а потоа на полувремето дојдоа до највисоки 17-10. Ракометарите на македонскиот шампион делуваа моќно и свежо и покрај тоа што немаа многу време за одмор по сабониот меч.

По одморот „црвено-црните“ продолжија во ист ритам, во 39. минута со голот на Македа повторно се искачија на плус седум (20-13). На другата страна ППД Загреб се обидуваше да ја дестабилизира играта на Вардар, но единствено што успеа да направи е да дојде на минус 20-16 и 21-17. 

Македонскиот тим победата ја потврдија на пет минути до крајот кога одновно поведоа со највисоката предност на мечот од 29-21. 

Во следното коло, исто во СЕХА-лигата, Вардар ќе му биде гостин на Целје, дуелот се игра во сабота. 

 

  

Најново во Ракомет