ТРАДИЦИЈАТА Е НА СТРАНАТА НА ШАМПИОНОТ

Премиерите не му лежат на Металург, Вардар е специјалист

Металург денеска (17:45) го пречекува во Вардар во рамките на првото коло во СЕХА-лигата. 

објавено: 2 септември 2017 - 11:35

Со првата пресметка меѓу Металург и Вардар сезонава започнува ракометната еуфорија кај нас. И покрај тоа што бранителот на титулата и овојпат е фаворит против тимот од Автокоманда, сепак овие дуели биле неизвесни до самиот крај. Вака се очекува да биде и денеска во СЦ „Борис Трајковски“.

Традицијата е на страната на Вардар, Металург никогаш досега не успеал да го победи градскиот ривал во премиерниот меч на СЕХА лигата, а само еднаш триумфирал на домашен терен, и тоа во март 2013 година победувајќи со 26-21. 

Двата тима до сега одиграле 11 натпревари, на седум триумфирал Вардар, а само двапати се радувал Металург. Последен пат избраниците на Лино Червар победија во 2014 година. Последните четири натпревари завршија во корист на „црвено-црните“.

 

 

  

Најново во Ракомет