РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ГОСТИН ВО СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Прибак: Металург не е оној стариот препознатлив тим

Немања Прибак и неговиот Бешикташ е новиот предизвик за младиот тим на Металург во Лигата на шампионите. Репрезентативецот смета дека шансите за победа се еднакви и покрај тоа што Лино Червар оваа сезона направи големи промени во составот. 

објавено: 24 септември 2017 - 13:15

Немања Прибак и неговиот Бешикташ е новиот предизвик за младиот тим на Металург во Лигата на шампионите. Некогашниот репрезентативец смета дека шансите за победа се еднакви и покрај тоа што Лино Червар оваа сезона направи големи промени во составот.

„Металург не е оној стариот препознатлив тим. Премногу играчи се сменија, многу нови имиња, кои сѐ уште не се влезени во системот на Червар.
И Бешикташ претрпи промени во составот сезонава, а и немаме некој резултатски притисок во ЛШ, повеќе сме насочени кон турското првенство, но секако дека сакаме добри резултати и во елитата. Сметам дека двата тима се со изедначен квалитет, што ќе донесе интересен меч, но и не мора да значи. Секако, и едните и другите сакаме бодови во ЛШ, па ќе има борба", потенцира нашиот репрезентативец.

За Металург ова е прв домашен меч во елитното натпреварување, новата сезона македонскиот тим ја започна со пораз на тешкото гостување кај Монпелје. Ракометарите на тимот од Автокоманда се надеваат дека ќе успеат да дојдат до првиот триумф, кој ќе биде од големо значење особено по слабото издание против Војводина. 

"Го видовме Бешикташ во Струга и знаеме со што располага, а ги и знаеме играчите. Имаме време да се одмориме и со добра игра да стигнеме до победа на овој натпревар. Во дуелот со Војводина имавме многу технички грешки, нереализирани зицери и пенали и потребно е сето тоа да го корегираме", изјави Дарко Димитриевски.

Натпреварот меѓу Металург и Бешикташ е закажан со почеток во 17 часот.

Најново во Ракомет